Споредбата на историјата на Антички Рим и Москва (градот се нарекува трет Рим) може да послужи како вчудоневидувачки пример за коинциденција во развојот на овие две цивилизации.
Гај Јулие Цезар бил првиот човек кој ја понел титулата император. Истото се вели и за Петар Велики кој станал прв император во руската историја.
Цазар го вовел Јулијанскиот календар во 46 година пред новата ера каде новата година започнува на први јануари. Петар I на први декември 1699 година потпишал декрет со кој го прогласува први јануари за почеток на новата година.
Уште една мошне чудна коинциденција се појавува во случајот на американските претседатели Абрахам Линколн и Џон.Ф.Кенеди. Првиот бил избран во 1860-та година додека Кенеди ја превзема должноста сто години потоа во 1960 година. И двата претседатели беа демократи кои се бореа за еднакви права помеѓу белата и црната раса. Кенеди и Линколн беа убиени поради политиката која што се обидуваа да ја спроведат.
Според една визија на рускиот поет Владимир Клебников, Русија ќе поминува низ катаклизмични промени секои дванаесет години. Циклусот на рускиот поет започнува со 1905 година односно со Руската револуција. Од тогаш па наваму неговата визија станува стварност како резултат на многуте невообичаени случаи низ историјата.
Многу научници се обидуваат да го објаснат феноменот на коинциденцијата преку комплицирани теории, додека други тврдат дека станува збор за нешта кои што не можат да бидат објаснети.
Биофизичарот Алксандар Чижевски открил дека сите нации кои живеат на земјата поминуваат низ периоди на агресија и преголема активност. Неговата теорија се базира врз циклусот на соларната активност. Интересно е тоа што неговиот единаесет годишен циклус се совпаѓа со циклусот на западниот календар според кој историјата се повторува секои дванаесет години.
Мистериозните коинциденции се случуваат и во вселената. Архивите на уфолозите покажуваат дека неидентификуваните летачки објекти се појавуваат на истиот ден месец или година по првото појавување.