-->

Грција: Скопје треба прво... да се симне од Букефал


Македонија, 7 мај, (Нетпрес) - Од соседната држава очекуваме конкретно поведение во рамките на преговорите под егидата на ООН за наоѓање на взаемноприфатливо решение за името, ја коментира грчкиот владин портпарол намерата на власта во Скопје да подигне огромен споменик на Александар Велики, пишува денеска весникот “Навтемборики“.

Портпаролот потсетил дека на средбата на врвот на НАТО во Букурешт минатата година сите земји- членки на Алијансата донеле конкретно решение кое е на сила (покана кон Македонија да биде упатена кога ќе се реши спорот со Атина за името).

“Ние, како што знаете, ја поддржуваме европската ориентација на државите од Балканот, посебно од западен Балкан, кои се уште не се членки, затоа што државите од источен Балкан како Романија и Бугарија се веќе полноправни членки“, посочил Андонарос пред новинарите. Тој забележал дека Атина е пријателски расположена кон соседната држава.

“Очекуваме од соседната држава да одговори со содржајност на своите задолженија што ги има во рамките определени од ООН“, изјавил владиниот портпарол.

 

Copyright © 2009 selotejp.com