-->

Самит за екологија во Копенхаген

Во данската престолнина Копенхаген денеска се одржува самит за екологија во чии рамки учествуваат лидери на компании од целиот свет.

На самитот е присутен и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и поранешниот американски вицепретседател Ал Гор, добитник на Нобеловата награда за мир за својот ангажман околу климатските промени.

– Крајно време е да се постигне договор во светски рамки за начинот на кој ќе биде запрено глобалното затоплување, истакна Гор во своето обраќање на самитот во Копенхаген.

Бан Ки Мун, кој зборуваше на отворањето на самитот, апелираше до големите светски компании да се заложат за создавање „позелена економија“.

Во декември годинава во Копенхаген ќе се одржи голема конференција за заштита на животната средина под покровителство на Светската организација.

Во врска со подготовките за тој голем светски собир за екологија се изразуваат надежи дека ќе овозможи претпоставки за усвојување на еден нов договор за борба против климатските промени, кој практично ќе го замени т.н. Кјото договор кој истекува во 2012 година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com