-->

На Сандра Булок и е подрага забавата од мајчинството

Сандра Булок вели дека децата не и се приоритет и дека се уште не чувствува никаков мајчински инстинкт и дека се уште и се многу драги забавите.



Познатата американска актерка изјавила дека таа и нејзиниот сопруг Џеси Џејмс и понатаму не планираат да го прошируваат семејството затоа што таа не чувствува никаков мајчински инстинкт и дека таа и понатаму сака да се забавува.

Сопругот на Сандра веќе има ќерка од првиот брак, но ниту таа барем до сега не разбудила никакви мајчински инстинкти кај Сандра, а на неа не влијае ниту притисокот од околината.

“Тешко е да го живееш својот живот кога сите од страна говорат што треба да правиш. Би сакала луѓето да сфатат дека во животот не постои само еден правец, туку ги има многу повеќе, јас имам свој живот и така живеам.“- изјавила познатата американска актерка која на крајот сепак нагласила: “Ако се случи да станам мајка ќе ми биде драго, но дотогаш не сакам да размислувам за тоа. “


 

Copyright © 2009 selotejp.com