-->

„Некст тајм“ ги освоија евровизиските фанови

Македонија е меѓу земјите што по првата проба на Евровизија од првото полуфинале добила најмногу бодови од евровизиските фанови.

На esctoday.com, најпопуларната евровизиска страница што ја водат обожавателите, веќе традиционално секоја година се одржува предевровизиска анкета BigPoll, преку која се прави обид да се предвиди победникот на Евровизија.

Иако резултатите ќе се знаат пред самиот Евросонг, во јавноста протекоа некои информации кои земји добиле најмногу бодови по обработените први проби.

Во првото полуфинале, најмногу бодови покрај Македонија, добиле и Босна и Херцеговина, Белгија и Малта, додека најмногу загубиле Андора, Финска, Португалија и фаворизираната Турција.

Од второто полуфинале со најмногу бодови се здобиле Хрватска, Данска, Грција и Норвешка, додека најмногу загубиле Унгарија, Литванија, Молдавија и Украина.

 

Copyright © 2009 selotejp.com