-->

Направете го вашиот автомобил невидлив!

Студентката Сара Вотсон ’создала’ невидлив автомобил на тој начин што направила оптичка варка фарбајќи го автомобилот на начин да се вклопи во околината.



Сликањето на овој автомобил е дел од предмет кој Сара, која студира ликовна уметност, го слуша на факултет. 22 – годишната студентка на факултетот во Ланчестер го обоила автомобилот така што тој совршено ќе се вклопи во околината. На своето дело работела три недели, пренесува Telegraph.

“Експериментирав со концептот на илузија, но ми требаше нешто повеќе физичко за да се создаде вистинскиот впечаток.“- изјавила Сара. “Кога прв пат ја видов фотографијата бев убеден дека станува збор за монтажа, но набрзо сфатив дека некој вложил голем труд во создавање на ’невидлив’ автомобил.“- изјавил еден човек. “Луѓето стоеја на улица за да видат што е тоа, некои за малку не се удрија во автомобилот, така што имаше ефект каков што очекував.“- заклучила Вотсон.

 

Copyright © 2009 selotejp.com