-->

Првомајска тепачка со тешка повреда од пиштол


Македонија, 2 мај, (Нетпрес) - Во меѓусебна тепачка во Скопје на две групи од млади лица, било повредено со куршум од пиштол лице кое со обидело да ги раздвои.

Според информација на полицијата тепачката се случила вчера околу 15,20 часот на улица Ѓорче Петров. 20-годишниот А.Б. од Скопје со намера да ги раздвои групите на млади лица што се тепале влегол помеѓу нив. Во тој момент едно лице извадило пиштол непозната марка и калибар и испукало два куршума. Еден од куршумите бил испукан во воздух, а другиот завршил во левата шака на А.В.

Групата младинци го напуштила лице местото, а А.В. е пренесен во Воена Болница – Скопје каде му е укажана лекарска помош и е констатирана тешка телесна повреда.

Увид на лице место извршила увидна екипа од ОКТ при СВР-Скопје.


 

Copyright © 2009 selotejp.com