AMD слави 40 години
AMD, втората по ред најголема компанија во светот, денес го слави својот 40 роденден. Денес, иако не е во најдобра форма, едно време беше понапред од Интел во иновацијата.
Постојат 4 начини во кои што АМД го надминуваше Интел, во старите добри времиња:
АМД успеа да победи во митот за мегахерци, пред Интел.
За време на Pentium 4 деновите Интел ги зголемуваше брзините се повеќе и повеќе, се додека не го погоди sидот, напуштајќи ја Prescott архитектурата. Пораката беше јасна, "повеќе мегахерци е подобро". AMD Athlon XP натпреварувачките чипови, иако имаа помала брзина, често го победуваа нивниот Pentium 4 конкурент.
Иронично, АМД беше првиот кој стигна до 1 Ghz, како што имаше некои кои коментираа (незнам како сум заборавил) . Очигледно, битката на АМД не траеше долго.
АМД го победи Интел во 64 битните mainstream компјутери. И не зборуваме само за нивните Opteron i Athlon 64 процесори. АМД всушност ја дизајнира x86-64 спецификацијата, која што Интел ја присвои и лиценцира-па оваа спецификација на АМД е користена од Интеловите 64 битни процесори до ден денес.
АМД беше првиот кој почна да размислува за енергетска ефикасност во дизајнот на процесорите. Ова е всушност продолжение на првата точка, но во периодот на Pentium 4, АМД процесорите користеа помалку енергија од Интеловите. Интел перформансот по ват не започна се до појавата на Pentium M, кој го започна новиот почеток на Интел Core процесорот.
АМД беше првиот кој почна да користи интегриран мемориски контролер. Техничка функција која АМД ја користи многу години во споредба со Интел: АМД процесорите почнаа да користат интегриран мемориски контролер многу години наназад, смалувајќи ја мемориската латенција.
Првиот чип на Интел кој почна да користи интегриран мемориски контролер е Core i7, пред него меморискиот контролер беше одвоен од процесорот.
Athlon XP и Athlon 64-тоа беа добрите стари времиња, колачот на АМД во натпреварвачките денови. Денови кои што беа пред Интел.
За жал јас не ги користам повеќе чиповите на АМД, а верувам и вие. Интел се врати и тоа цврсто се врати. Но сепак сеуште постојат оживувања, следни 40 години. Споделете ги вашите омилени АМД мемории во коментарите.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)