-->

Успех на лекот против дебелеење Alli

Лекот против дебелеење Alli што го произведува британско-американскиот фармацевтски гигнат „ГлаксоСмитКлајн“ во САД влезе меѓу десетте најпродавани фарамацевтски производи, што не се издаваат на рецепт.


Лекот, со активната состојка „орлистат“ што ја овозможува борбата против дебелеењето, го испробале пет милиони лица откако беше лансиран на американскиот пазар во јуни 2007 година.

Овие бројки, сепак, се прескромни ако се има предвид дека станува збор за САД, земја во која повеќе од две третини од населението се дебели или имаат вишок килограми, објави францускиот дневен весник „Паризиен“.

Аптекарка од Њујорк, меѓутоа, истакнува дека продажбата на Alli е непостојана, односно дека понекогаш сите залихи се продаваат за една недела, додека потоа се случува ништо да не се продаде цел месец.

Оценети како „чудотворни“ таблетите на Alli се продаваат за 65 долари. Но, повеќе од цената неговите потенцијални корисници ги одвраќаат секундарните нус појави, како што се надуен стомак, како и често одење во тоалет, на што се жалеле дел од корисниците на лекот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com