Екстерното тестирање ќе важи и за матурантите. И покрај најавите дека ќе бидат изземени од ова оценување, поради тоа што им претстои полагање на државна матура, сепак екстерното тестирање ќе се спровде и за нив од 11 до 20 мај.
Учениците за ваквата одлука ќе бидат известени во текот на утрешниот ден од страна на директорите на училиштата.Што би значело дека за подготовка им останува нешто помалку од една недела а не 15 дена како што беа првичните најави на министерството.
Учениците во своите сведителства ќе ја добијат средната оценка од екстерното оценување и онаа која им ја пишал наставникот.
Екстерното тестирање за основците и средношколци до 3-та година ќе се спровде од 1 до 10 јуни.
Одлуката за екстерното тестирање се наоѓа пред Уставениот Суд,кој за околу еден месец треба да се произнесе дали ќе го укине или не.