-->

Анистон во 80-те била палава девојка


Актерката призна дека имала многу модни промашувања и дека на жените како неа, тогаш требало да им се забрани да шетаат на улица. Сега ја мачат седите влакна.

39-годишната Анистон гостуваше во ТВ шоуто на Џими Фалон. Во разговор со него ги откри своите тајни од 80-те. Била палава девојка и често ги посетувала њујоршките ноќни клубови. Призна дека имала многу модни промашувања и рече дека на жените како неа, тогаш требало да им се забрани да шетаат на улица.

„Носев искинати тесни фармерки, чизми и ’можеби’ градник“, раскажа Анистон.

Џенифер Анистон во 1995г.

Но, повеќе ја мачат современите проблеми, а не поранешните модни промашувања. Иако е на прагот на 40-ката, Џен дури сега ги откри првите седи влакна кои ја натерале да се расплаче.

Во 1984г.

„Што значи тоа. О, Боже колку уште многу имам“, се изнервира Анистон на природниот тек на настаните.

 

Copyright © 2009 selotejp.com