-->

Албанската полиција заплени 8 кг. хероин внесени од Македонија

Албанската полиција синоќа во близина на градот Либражд, на 40-тина километри од преминот „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, заплени осум килограми хероин прошверцуван во земјата од Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, при акцијата се уапсени тројца албански државјани, кои се осомничени за недозволена трговија на дрога.

Полицијата се сомнева дека уапсените, кои биле следени неколку месеци, се дел од меѓународна шверцерска мрежа.

Крајната дестинација на запленетата дрога бил грчкиот нарко пазар.

 

Copyright © 2009 selotejp.com