-->

8-годишно девојче се разведе од 50-годишниот сопруг


Осумгодишно саудиско девојче успеа да се разведе од својот педесетгодишен сопруг, откако татко и ја присилил да се омажи, бидејќи зетот му платил 13.000 долари.

На девојчето по вонсудска спогодба и беше дозволено да се разведе од човекот за кого се омажи во август минатата година, соопшти нејзиниот адвокат Абдула ал-Јетели.

Судот претходно го одби барањето на мајката на девојчето за развод и пресуди дека таа мора да почека до пубертетот, за сама да си побара развод.

Во Саудиска Арабија инаку не постои закон што дефинира минимална старосна граница за да се стапи во брак. Иако законот предвидува дека жената мора да се согласи на брак, во текот на венчавањето тоа главно не се бара.

 

Copyright © 2009 selotejp.com