Еден човек за кого се верува дека имал 56 години умрел од рак. Тој оставил повеќе од 74.000 евра на банкарска сметка во Gwang, која ја отворил во 1993 година под псевдоним Na Hae-Dong. Неколку месеци потоа на сила стапил антикорупцискиот закон кој забранил сметки под лажно име. Банката ја замрзнала неговата сметка. Тој морал и понатаму да вложува пари но за да ги подигне требал да се регистрира под неговото вистинско име. Меѓутоа Na Hae-Dong тоа не можел да го направи.
“Тој не го знаеше своето вистинско име, ниту местото на раѓање. Се обидовме да го идентификуваме но не успеавме.“- изјавил службеникот.
Тој собирал старо железо и друго ѓубре. Спиел на улица, а од 2007 се преселил во импровизирано засолниште. Иако не можел да ги подигне парите, тој постојано вложувал на сметката.
“Тој велеше дека сака да купи куќа од заштедата.“- додал службеникот.
Човекот минатиот месец поднел барање за да ми се направи нов идентитет. Локалниот суд најверојатно ќе пресуди парите да и се вратат на државата.