-->

Веб-прелистувачите се жалат на „виндоус 7“

Компанијата „Мозила“, производителот на вториот по популарност прелистувач на интернет „фајарфокс“, се пожалила дека новиот оперативен систем „виндоус 7“ повторно му дава предност на веб-прелистувачот на „Мајкрософт“, „интернет експлорер“ („ИЕ“). „Мајкрософт“ веќе со години и плаќа големи казни на Европската унија затоа што кај неговиот оперативен систем во привилегирана положба става некои од неговите програми како „виндоус медија плеер“ или „интернет експлорер“.

А, жалби слични на тие што ги поднесе „Мозила“ се слушаат и од таборот на „Опера“. „Мајкрософт“ најави дека „интернет експлорер“ лесно може да се деинсталира од новиот „виндоус“, но тоа, сепак, барем засега, не е толку едноставно. Технолошкиот гигант следниот месец ќе мора да одговори на прашањата од ЕУ во врска со неговата монополистичка положба, а засега нема никакви коментари за обвинувањата од „Мозила“ и од „Опера“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com