Со суровата нафта денеска на Њујоршката берза се тргуваше по цена од околу 57 долари за барел, што е највисока во последбите шест месеци што е последица на очекувањата на инвеститорите дека порастот на глобалната економија би можел да почне да се опоравува кон крајот на годинава.
Цената на американската „лесна“ нафта утринава на берзата во Њујорк поскапе за 27 центи и достигна 56,61 долар за барел, откако синоќа поскапе за 4,6 отсто или 2,50 долари, на највисокиот износ од средината на ноември минатата година од 56,34 долари за барел.
Порастот на цената на „течното злато“ го поттикна оптимизмот на инвеститорите дека економското заздравување е на повидок.