-->

Потврдени 6.497 случаи на грипот А во светот

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на потврдени случаи од грипот А (H1N1) во светот достигна 6.497 лица, од кои 65 починаа.

Болеста е регистрирана во вкупно 33 земји во светот.

Во САД има 3.352 лабораториски потврдени случаи, од кои тројца со фатален крај, во Мексико има 2.446 заболени, од кои 60 се починати, а во Канада 389 заболени, од кои еден смртен случај.

Во Европа најмногу инфицирани со вирусот H1N1 има во Шпанија (100 лица) и во Велика Британија, каде има потврдени 71 случај.

Според податоците на руските власти во Руската федерација не е регистриран ниту еден случај на заболен од оваа болест.

 

Copyright © 2009 selotejp.com