Македонската кугларска репрезентација со победата од 6:2 над селекцијата на Хрватска успеа да обезбеди пласман во втората рунда на натпреварите на СП во Детенхајм, Германија.
Нашите куглари одиграа одличен меч со Хрватска и сосема заслужено дојдоа до триумф. Првиот пар беше пресуден за судбината на натпреварот кога Дамир Фучкар и Костадин Манев со просек од 677 ги победија Лука Укаловиќ и Бранислав Богдановиќ. Дамир Фучкар покажа брилијантна игра особено во чистење и се најде само на една постава од рекордот на Бенедик рушејќи 689 кегли.
Во вториот дел Урош Стоклас против Марио Мушаниќ одигра храбро во моментите кога се решаваше поенот и со 178 во последниот сет ја направи клучната разлика. На крајот македонскиот рекордер Борис Бенедик го победи Матко Булка со четириесет разлика.
Без разлика на исходот од дуелот Србија - БиХ, Србите ќе бидат први во нашата група, но ние како второпласирани пред Хрватска и БиХ ќе се најдеме во втората фаза од натпреварувањето.
Во следната рунда Македонија, покрај со Србија, ќе биде во група и со селекциите на Германија и Полска/Франција во зависност од резултатите од последните средби во групата „Д“. Поради поразот од Србија, во новоформираната група, Македонија ќе стартува без бодови, а Србија со 2 бода, колку што ќе има и победникот од групата „Д“ (најверојатно Германија).
Во 1. коло во новоформираната група ќе играме со Германија. Доколку победиме ќе се пласираме во популарниот "Фајнал-Фор".