-->

УЈП затвори 61 трговски објект во источна Македонија

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека при контрола на фискални апарати на 61 трговски објект во источниот дел на Македонија им е изречена времена забрана за вршење на дејноста од 30 дена. Во текот на инспекцискиот надзор се изречени глоби во вкупен износ од 5.732.900 денари.

Според УЈП, при споведени 209 контроли на фискални апарати кај 64 трговци се утврдени неправилности во работењето, како непоседување фискален апарат, нерегистрирање готовински промет, односно неиздавање фискални сметки од страна на даночните обврзници. Најголем број неправилности се констатирани во Штип и во Струмица.

Паричните казни поради непочитување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања се движат од 200 до 1.500 евра во денарска противредност.

УЈП потсетува дека неиздавањето фискални сметки, како и неправилносите во работењето на даночните обврзници, граѓаните може да го пријават на бесплатната телефонска линија 198.

 

Copyright © 2009 selotejp.com