-->

Австралиската армија ќе убие 6.000 кенгури


Австралиската армија почна со акција за убивање 6.000 кенгури за да ја намали нивната бројност на територијата на тренинг-база. Акцијата за уништување, која ги разгневи членовите на друштва за заштита на животните, има за цел да ги заштити и видовите растенија на кои им се заканува уништување на таа територија.

Минатата година демонстранти осуетија убиство на околу 400 кенгури на друг воен објект.

Во ноќта на 5 мај цивилни стрелци, најмени од Министерството за одбрана почнаа да убиваат кенгури во базата за обука Маџура каде се претпоставува дека има околу 9.000 кенгури.

- Намалувањето на нивната бројност има за цел да ги ограничи на дозволено ниво, изјави командир од базата кој ја спореди акцијата со работа на одговорен земјоделецц.

Се предвидува ноќните акции за убивање да продолжат до август. Претставници на друштва за заштита на животни соопштија дека од денеска почнуваат со протести во реонот. Во изминатите 20 години, властите не сакаа да убиваат кенгури кои се национален симбол поради јавно незадоволство.

 

Copyright © 2009 selotejp.com