-->

6 митови за стомачните мускули кои ве назадуваат

Следи листата на шесте најраспространети митови поврзани со вежбите за стомачни мускули кои можат да ве назадуваат доколку не расчистите со нив:

Стомачни мускули1. Мит: За да имате цврсти стомачни, треба да вежбате секој ден.

Вистина: И на стомачните мускули им треба одмор и регенерација. Мускулите се зголемуваат единствено кога се одмарате. 3 до 5 константи, посветени тренинзи на стомачните мускули неделно, ќе ви помогнат да ја достигнете вашата цел.

2. Мит: Добро вежбање на стомачните мускули трае половина час.

Вистина: Ако ви е потребен половина час за да почувствувате ефект од вежбите, правите нешто погрешно. Понекогаш се доволни и сесии од по 5 минути, но важно е да го прилагодите моментумот и интензитетот според формата во која се наоѓате. Запомнете, квалитетот е поважен од квантитетот.

3. Мит: Екстремно бавните стомачни ќе ве направат посилен.

Вистина: Трошење една минута за едно подигање нема да има поголем ефект од нормалното подигање. Всушност, забавеното подигање е помалку ефективно. Идеално, вежбањето треба да ви помогне да ги правите нештата подобро, од кик-бокс, па сè до едноставно подигање на актовка - а ниедна од тие активности не ги правите забавено.

4. Мит: Најдобро време за вежбање на стомачните е на крајот од тренингот.

Вистина: Не постои физиолошка разлика во однос на периодот кога ги вежбате стомачните. Единствено што е важно е тоа да го правите постојано.

5. Не можете јасно да ги дефинирате стомачните мускули вежбајќи пилатес.

Вистина: Пилатес е ефективен начин на вежбање и доколку правилно се искомбинира со диета и кардиоваскуларен тренинг, може да ви донесе правилна дефиниција. Нормално, никој не може да ви го гарантира тоа, зашто дефиницијата зависи и од гените, колку сте слаби, колку ви е долг стомакот, колку сте високи итн.

6. Не може да ги зацврстите мускулите без машина за вежбање.

Вистина: Не ви се потребни тегови за да направите мазни, сексипилни стомачни мускули, иако професионалните спортисти ги користат за да ја зголемат издржливоста и силата. Згора на сè, најголемиот дел од машините за стомачни мускули не се дизајнирани за жени. А, доколку машината не ви одговара според големината, можно е фокусот на вежбата да се префрли на погрешно место. Затоа, како најсигурна варијанта ви останува подот. Евтин е, ефективен и секаде достапен!

 

Copyright © 2009 selotejp.com