Институтот за Демократија по барање на Институтот Павел Шатев од 24 до 28 април годинава спроведе анкета на јавното мислење во врска со неколку актуелни прашања.
На прашањето дали се согласувате со Уставниот Суд да се укине веронауката во образованието, 56,6 отсто од испитаниците, дале негативен одговор, “не“, 33,1 отсто од испитаниците се согласиле со одлуката на Уставниот суд, а 10, 4 отсто не дале одговор.
Исто така анкетираните биле запрашани во кој политичар веруваат најмногу. 28 отсто од испитаните не веруваат во ниеден политичар, а 30 отсто веруваат во премиерот Никола Груевски. За Бранко Црвенковски се изјасниле 8,7 отсто од испитаниците дека му веруваат. Кај албанските политичари најголема доверба ужива Али Ахмети со 8,2 отсто, а втор е Имер Селмани со 4,9 отсто. За новиот претседател Ѓорге Иванов се изјасниле 2,9 отсто од анкетираните.
Анкетата беше направена на репрезентативен примерок од 1.110 испитаници.