Нафтата синоќа поскапе на над 53 долари за барел на американските берзи, под влијание на статистиките за состојбата на американската економија, што е близу највисоката цена на енергенсот забележана во изминатиот месец.
Цената на барел нафта во Њујорк синоќа за време на завршната трговија е зголемена за повеќе од два долари, на 53,20 долари, додека на лондонската берза северноморската нафта од типот „брент“ се продаваше за 52,85 долари за барел и беше поскапа од вчера за 2,05 долари.
Четирипроцентниот скок на цените на нафтата во САД и во Европа веднаш предизвика на Волстрит и на лондонската ефектна берза поскапување на акциите на водечките енергетски компании.
Пазарните експерти укажуваат дека најновото поскапување на нафтата уследи и поради намалувањето на производството во ОПЕК која во април го испочитува претходно усвоениот договор за намалување на дневното производство.
Водечките индекси на акциите во САД, Европа и Азија исто така забележаа пораст, бидејќи се поголем број инвеститори и пазарни експерти веруваат дека најлошиот дел од длабоката глобална економска криза веќе поминал. нд/11:48