-->

Абрамович прокоцкал јахта од 500.000 евра


Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е голем љубител на онлајн покер. Според “Metropolitan Post“ рускиот тајкун пред неколку дена изгубил една од јахтите од својата флота на ваков вид на коцка.

Според медиумите тоа се случило додека пловел кон Барселона да го гледа првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите.


Изгубената јахта не е некоја од неговите најголеми, како што е на пример 115-метарската Пелорас. Нејзината вредност се проценува на 500.000 евра.

На своето патување Роман бил придружуван од неговата девојка Дарија Жукова која исто има слабост спрема покерот. Во овие моменти одмараат некаде на Сицилија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com