-->

Владата ќе набави 50.000 кутии од лекот тамифлу

Владата ќе набави 50.000 кутии од лекот тамифлу за заштита од новиот грип А Х1 Н1. На синоќешната седница била донесена одлука и за набавка на респиратори, заштитна опрема за медицинскиот персонал како и средства за дезинфекција.

Од домашните фармацевтски компании било побарано да го зголемат производството на антибиотици и да ги чуваат во резерва. Ќе има и дополнителна обука за лекари и останат персонал кои би биле директно во контакт со заболен од новиот тип на грип.

- Ова е само прва етапа од активностите кои ги презема Владата. Кај производителот нарачавме уште 150 илјади кутии од лекот тамифлу - вели Шефик Дураку, портпарол на Влада.

За набавка на овие средства ќе бидат потребни околу 50 милиони денари кои треба да ги обезбеди Министерството за финансии.

Иако имаше предлог да бидат укинати мерките на надзор на аеродромите и граничните премини, на владината седница било одлучено тие и понатаму да останат на сила. Досега повеќе од 3.000 лица се под десетдневен здравствен надзор бидејќи дошле од земји каде има случаи на заболени од грипот А Х1Н1.

 

Copyright © 2009 selotejp.com