-->

Со автомобил убил 5 лица на кралската парада

Пет лица погинале а 12 се повредени во нападот на холандското кралско семејство во четвртокот во Apeldoorn, на западот на земјата, објавила полицијата. Возачот кој во четвртокот со автомобил улетал меѓу насобраните Холанѓани ноќеска умрел за време на операцијата во Амстердам.



Неименуван Холанѓанец се обидел со автомобил да залета во отворениот автобус во кој се возело кралското семејство за време на свеченото одбележување на Денот на кралицата. Автобусот го промашил за десетина метри и се залетал во камен споменк во средиштето на градот. На смртоносниот поход тој убил пет и повредил 12 лица кои се во тешка состојба, кои стоеле насобрани околу патот по кој минувала кралската поворка.

Холандија денес го одбележува денот на кралицата кој е национален празник и се одбележува од 1885 година. “После несреќата сите прослави низ Холандија биле прекинати, изјавиле од кралската куќа. Кралицата е шокирана од случувањата и жали со жртвите и нивните најблиски. - изјавил претставник на кралската куќа. “Она што започна како убав ден заврши со страшна драма која длабоко не шокираше.“-изјавила кралицата Беатриз (71).











 

Copyright © 2009 selotejp.com