Бродот е долг 300 метри а чини 450 милиони евра. Почетната цена на одморот изнесува од 430 евра, но за да го почувствувате вистинскиот луксуз ви се потребни повеќе финансиски средства.
Косат Луминоса има капацитет од 2800 патници на кои им е достапна цела војска од вработени лица.
Во склоп на истиот се наоѓа огромен внатрешен базен како и ексклузивен ресторан. Најмладите можат да уживаат во посебно катче кое што е опремено со видео игри, додека нивните родители избираат помеѓу кино, шопинг, казино или велнес центар. Бродот нуди турска бања како и луксузни третмани на лице и тело па дури и обелување на забите од пет до шест нијанси. Доколку сакате да го обликувате своето тело секогаш можете да појдете во бродската теретана која што нуди богат избор на направи за вежбање.
Изнајмувањето на ова луксузно чудо чини еден милион евра од ден.