Непознати сторители, синоќа од куќа на улицата „Овчеполска“ во Штип одзеле 3.500 евра и златен накит во вредност од 1.000 евра.
Портпаролот на СВР Штип Снежана Санева изјави дека кражбата се случила по 19 часот, кога сопствениците излегле од домот.
- Брачниот пар се вратил по полноќ и забележале дека се ограбени, при што веднаш ја известиле полицијата, вели Санева.
Истрагата за грабежот е во тек.