Аргентинците имаат нов херој, таксистот Сантијаго Горe
Тој се прослави, откако се прочу дека вратил паричник полн со 35 илјади долари на патници кои го заборавиле во неговото возило во Буенос Аирес. Горе сега е главна тема за медиумите во оваа јужноамериканска земја, но самиот не ја разбира еуфоријата што се создаде околу неговото добро дело.
„Чудно ми е што толку многу луѓе се изненадени, како да е нешто посебно! Најнормално е да се врати најден паричник, секој треба така да постапи...Ако не си работел за парите, како би можел да ги задржиш?"
Инспирирани од неговата чесност, двајца млади маркетинг агенти започнаа акција на интернет, преку која може да се донираат пари како награда за Горе.
„Претпоставуваме дека луѓето ќе донираат, но не мислевме дека сумата ќе достигне 100 илјади песоси, односно околу 30 илјади долари, и тоа за само една недела!" изјави Николас Дијако, маркетинг агент