-->

Четири компании доставија понуди за набавка на 302 двоспратни автобуси

На огласот за набавка на 302 двокатни автобуси денеска до истекот на рокот во 12 часот пристигнаа понуди од турската компанија „Гулерјуз“, бугарската „Кинг Лонг“, кинеската Групација „Џенгџоу Јутонг“ и од домашната „Санос“ Доо.

Преку огласот што го распиша Министерството за транспорт и врски, се бара набавка на 300 двокатни автобуси од затворен тип и два двокатни автобуси од отворен тип за градски сообраќај.

- Во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши преглед на комплетноста и валидноста на доставената документација, како и евалуација на пристигнатите понуди, согласно критериумите во јавниот оглас, по што ќе донесе одлука за избор на најповолен понудувач, соопшти Министерството за транспорт и врски.

 

Copyright © 2009 selotejp.com