Koмпјутерска грешка при пресметката на пензиите во Франција која се провлекувала во последниве 25 години го оштетила францускиот Национален фонд за пензиско осигурување за околу 300 милиони евра.
Според директорот на Фондот Патрик Ермитаж, станува збор за грешка во пресметките на пензиите на неколку илјади лица, а засега сеуште не може точно да се каже колкави штети претрпел Фондот (па да, ќе имаат прилично многу за пресметување сега). Но, како што наведува економскиот дневен весник „Лез Еко“ грешката се однесува на над милион лица, од кои околу 630.000 се уште се вработени.
Грешките ќе бидат исправени за дел од корисниците, но не и за оние кои веќе се во пензија или кои наскоро ќе се пензионираат.