-->

Меган Фокс: Мажите под 30 се вистинска загуба

Глумицата неодамна изјавила дека воопшто не е заинтересирана за млади и згодни глумци како Зак Ефрон, бидејќи смета дека мажите помлади од 30 години се незрели за неа.


За Меган Фокс очигледно младото не е послатко. 22 годишната глумица тврди дека мажите до 30-та година за неа не се нешто посебно интересни.

'Иако се згодни, едноставно се незрели. Тие за мене се вистинско губење на време', тврди ѕвездата од хит филмот ‘The Transformers’.

Меган инаку е во неофицијална врска со 35 годишната ТВ ѕвезда Brian Austin Green. 'Мислам дека имам многу повеќе хемија со некој кој ја поминал тридесетата', бил нејзиниот заклучок за англискиот таблоид The Sun.

 

Copyright © 2009 selotejp.com