Станува збор за 3Д слики кои што се исцртуваат по тротоарите на светските метрополи. Магијата на уметничката четка во комбинација со талентот на анонимните уметници создава виртуозни дела кои што се на работ помеѓу фантазијата и вистинскиот свет.
Иако делата во суштина претставуваат дводимензионални слики, кога се набљудуваат од соодветен агол успеваат да го залажат човечкото око и да остават впечаток дека станува збор за вистинска слика.
Мотивите за современата 3Д уметност се црпат од филмовите, стриповите и бајките и притоа се создаваат уникатни дела кои што одлично се вклопуваат во екстериерот на модерните метрополи.