-->

ХИВ тест за само 20 минути

Британците кои се сомневаат на инфекција со ХИВ, повеќе не мораат да чекаат три недели за резултатите од анализата на крвта. Во болниците во Британија сега е достапен тест со кој за само 20 минути може да ја разрешат дилемата. Потребно е само да се земе брис од усната шуплина.

hivtest by you.

Дури три четвртини од анкетираните пациенти би одбрале брис од уста наместо вадење крв, бидејќи се покажало дека веродостојноста на резултатите е еднаква.

Новиот тест користи специјална впивачка четкичка со која се собираат примероци од плунка во устата,а резултатите се готови за само 20 минути.

Застрашува фактот што во Велика Британија скоро третина од луѓето кои имаат ХИВ не се свесни за тоа. Но, со овој тест ќе биде олеснето откривањето на ХИВ позитивните луѓе, па лекарите се надеваат дека навремено ќе почнат да им пружаат медицинска помош.

 

Copyright © 2009 selotejp.com