
"Даниел е уште млад, но квалитетен и многу важен играч за иднината на клубот. Сигурен сум дека многу тимови го посакуваа во своите редови, но тој покажа дека е задоволен од престојот на Енфилд и дека нема намера да си замине", изјави Рафа Бенитез, менаџерот на "црвените".
Пред Агер нови договори потпишаа Стивен Џерард и Дирк Кујт. Одбранбениот фудбалер досега одигра 76 натпревари и постигна шест голови. Оваа сезона не беше во првиот тим поради чести повреди и добрата форма на Мартин Шкртел.
Веќе подолго време се ширеа информации дека Агер е незадоволен од минутажата и дека ќе замине во друг клуб. За него "најзагреан" беше Милан, кој беше многу близу до неговите услуги, но, сепак, Ливерпул реши да ги прекине преговорите и сега успешно да ги заврши со Данецот.