-->

ХАССАП системот одложен за 2010 година

Министерствата за економија и здравство се закануваа со казни од 3 до 5 илјади евра за сите компании кои го немаат спроведено ХАССАП системот.

Сепак казни нема да има, имплементацијата се одложува за 2010. Како причина за одложување на бараните европски стандарди, надлежните ја наведуваат економската криза која го погоди стопанството.

За поголемиот дел на фирмите не е јасно што се треба да исполнат за да ги задоволат условите за безбедна и квалитетна храна. Дел од нив сметаат дека е прескапо, дури во некои случаи и не е изводливо воведувањето на овие европски стандарди.

Од Министерството за здравство велат дека целосна имплементираност на ХАССАП системот со сите седум принципи мора да го имаат оние компании кои вршат индустриско производство на храна. Другите категории на фирми, како гостилници, кафеани, пицерии, млечни ресторани нема да треба да поседуваат сертификат, но ќе треба да применуваат системи кои се базираат на ХАССАП и пред се да ги почитуваат законитите за безбедност на храна и хигиена.

Третата категорија или продавниците, кафетериите, објектите каде се служи готова храна, како и пазарите на кои се продава свежо овошје и зеленчук ќе треба да се придржуваат до правилата на добра хигиенска пракса, а ќе мора да ги почитуваат сите препораки кои се напишани во декларацијата на производите. Министерот Бесими вели дека ќе се зајакнат фитосанитарните и ветеринарните контроли на граничните премини со што ќе се знае каков е квалитетот на увезената храна.

 

Copyright © 2009 selotejp.com