Победничката на танц околу шипка, Австралијката Феликс Кејн, пристигнала на натпреварувањето само неколку дена претходно. Не стигнала да го припреми костимот за настапот па морала да импровизира со крпчињата кои ги зела со себе, со лепило и мрежести чорапи. Кога стигнала на Runaway Bay во хотелот Hendonism, заборавила на стресот и на сите проблеми. Ја изненадило колку биле талентирани конкурентките.
“Не можев да поверувам кога слушнав дека сум победила.“- изјавила таа и посебно му се заблагодарила на сопругот Кристофер за сета поддршка која и ја пружил. Феликс Кејн исто така била Мис на танцување околу шипка во Австралија во 2006 и 2008 година.