"Формула 1 може и без Ферари"
Формула 1 може да преживее и без Ферари, доколку најстариот, најуспешниот и најпознатиот формула 1 тим си замине поради воведувањето на ограничување на буџетот, вели претседателот на ФИА, Макс Мозли. Во саботното интервју за Финеншл Тајмс, Мозли признава дека е вклучен во борба за моќ која планира да ја добие.
Тој јасно кажува дека нема да се откаже од тоа во 2010 да им дозволи на тимовите да се натпреваруваат со изборен ограничен буџет од 40 милиони фунти, во замена за поголема техничка слобода во однос на тимовите за неограничен буџет.
Овој потег, кој Мозли го опишува како "најголем развој во моето време во спортот", беше пречекан со оптимизам од можните нови независни тимови, но претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, прати писмо до Мозли во кое предупредува дека формула 1 на две нивоа ќе биде "не-фер". Монтеѕемоло дури предупреди дека постојаното учество на Ферари во Ф1 не може да биде гарантирано.
"Јас лично имам многу страст и Ферари имаат многу страст, но ова не е приказна без крај", објаснува Монтеѕемоло.
Ферари се во Ф1 од првата трка во 1950 година, и заедно со Монако ГП се "симболот" на спортот. Тие беа шампиони осум пати во последните 10 години. Но, за Мозли тоа не е проблем.
"Спортот може да преживее без Ферари. Ќе биде многу, многу тажно да ги загубиме Ферари бидејќи тоа е италијанскиот национален тим", вели Мозли.
Тој додава дека има "елементи во сегашните тимови", кои сметаат дека треба да го водат спортот место ФИА или Берни Еклстоун, кој го претставува носителот на комерцијалните права ЦВЦ.
"Последно нешто што сакаат е да има нови тимови кои ќе бидат еднакви со нив. Тоа се работи во позадината. Има елементи кои го водат спортот и јас би сакал да осигурам тоа да бидам јас", вели Мозли.
Британецот додава дека влогот е преголем за да се шпекулира со "колапс на Ф1" поради желбите на најмоќниот формула 1 тим, но смета дека Лука ди Монтеѕемоло едноставно не ги знае фактите.
"Се надевам дека се ќе се смени. Тој ќе оди пред својот борд и ќе каже дека сака да оди во војна со ФИА бидејќи сака да троши 100 милиони фунти повеќе од ограничувањето. Тогаш бордот ќе одговори: 'зошто ти не можеш да трошиш 40 милиони фунти како другите'", оценува Мозли.
Според него пораката која ја добива од бордовите на два-три големи производители е дека тие ќе се обврзат на долгорочна иднина на спортот ако се намалат трошоците.
"Кризата се уште го нема погодено спортот. Очигледно ја загубивме Хонда, но вистинските проблеми ќе дојдат кога ќе завршат сегашните спонзорски договори. Во моментов тука се ИНГ, РБС, Алианц и другите големи спонзори кои ќе се повлечеа оваа година да немаа обврзувачки договори. Верувам дека Формула 1 Менаџментот (ФОМ) на Берни Еклстоун нема да може да им даде многу пари на тимовите по оваа сезона", додава Мозли.
Од Ферари, пак, сакаа да ги отфрлат шпекулациите дека се пред откажување од спортот по писмото на Монтеѕемоло.
"Ние веруваме дека спортот мора да ги задржи своите принципи и да остане на врвот за развојот и спортот да биде и техничко натпреварување", велат од Скудерија.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)