-->

Од септември почнува реконструкција на 16 мостови во Македонија

Реконструкција на 16 мостови на делницата Велес-Петровец и 26 километри од овој патен правец ќе се изврши од 1 септември годинава до 31 декември следната година. Ова е договорено на средбата меѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и новоназначениот командант на НАТО - штабот во Скопје Валентин Гагашев.

Како што соопштува Министерството за транспорт и врски реконструкцијата на 16 моста и 26-те километри е третата фаза од проектот за реконструкција на мостовите во Република Македонија. Средствата, за реализација на оваа фаза во висина од 14 милиони евра се обезбедени. Со проектот за реконструкција на мостовите во Македонија се опфатени вкупно 50 мостови.

На средбата е изразено задоволство од досегашната заедничка соработка со НАТО во реализацијата на инфраструктурните проекти за санација на мостовите во Република Македонија и реконструкцијата на клучката „Момин поток“ во Скопје.

 

Copyright © 2009 selotejp.com