Трката за најдобрата работа на светот дојде пред самиот крај, 16-те кандидати стигнаа на островот Great Barrier Reef, каде за два дена ќе биде одбран победникот.
Првата задача на финалистите од 15 држави беше да ги покажат своите пливачки способности во луксузниот базен Dolphin Pool.
- Добро е, температурата е совршена, задоволно изјави Џејмс Хил, кандидат кој доаѓа од Австралија.
Победникот шест месеци ќе живее во тропски рај, ќе пишува на блог и ќе води свој видео дневник кој потоа ќе треба да го предаде на шефовите. Чуварот на островот ќе живее во луксузен дом вреден милион долари, во кој ќе го има сиот раскош.
- Прекрасно, воодушевен сум од куќата, рече Миеко Кобаиши, кандидат од Јапонија.
Покрај сите погодности, победникот ќе добие и плата од 110 илјади долари.
Целата акција за потрага по кандидат кој ќе го чува островот е организирана во рамки на промотивната кампања на австралиската туристичка заедница.