Колку пати ви се случило да морате да бришете празни места од СМС порака бидејќи сте ја надминале магичната бројка од 160? Еве ја приказната за човекот кој го измисли СМС-от и му ја одреди должината.
Фридхелм Хилебранд е директор на консултантската куќа Hillebrand. Шизикот живее мирен живот во Бон. Но, пред 23 години седнал на својата машина за пишување и по кратко истражување дошол до заклучок дека 160 знаци се доволно за да се пренесе порака на друг човек, без разлика дали се работи за прашање, барање или едноставно - за поздрав.
Во 1985 година, Хилебранд заедно со неговите колеги работеле на стандардизација на технологијата која би требало да им овозможи на мобилните телефони да праќаат и прикажуваат текстуални пораки. Во тоа време, поради техничките ограничувања на мрежите, пораките требало да бидат што е можно пократки.
Денес, СМС пораките се најпопуларен начин на мобилна комуникација. Младите праќаат стотици пораки месечно, а дури и најпознатиот сервис за микро-блогирање Twitter го ограничи бројот на знаци по порака на 140, за корисниците да можат да го вметнат своето име и текстот на праката во еден СМС.