-->

Шпанец добил рекордни 126,2 милиони евра на лотаријата „Евромилиони“

Шпанец вчера добил рекордни 126.231.764 милиони евра на џекпотот на лотаријата „Евромилиони“, пренесува Франс прес.

Добивката претставува еквивалент на вредноста на два авиона од типот „Ербас А-320“.

Досегашниот рекорд во петгодишната историја на играта го имаше Ирката Долорес Макнамара со 115.436.126 евра, добиени во јули 2005 година.

Засега непознатиот шпански учесник во лотаријата беше единствениот кој вчера ги имал петте бројки (4, 23, 24, 29, 31) и двете дополнителни (8, 9), за да го добие шестцифрениот џек пот.

Според Франс прес, вчерашната добивка се споредува со четиригодишната плата на Дејвид Бекам - најдобро платениот фудбалер во светот.

„Евромилиони“ е систем од десет лотарии во девет земји (Австрија, Белгија, Велика Британија, Ирска, Шпанија, Луксембург, Португалија, Франција и Швајцарија), бидејќи во Швајцарија има две лотарии.

Првичниот пот изнесува 15 милиони евра, кој, доколку не се добие, потоа се зголемува со износот на следниот тираж.

Рекордниот џекпот во „Евромилиони“ во износ од 183.573.077 евра беше „погоден“ на 3 февруари 2006 година од тројца учесници - Португалец и двајца Французи, - кои си поделија по 61.191.026 евра.

 

Copyright © 2009 selotejp.com