-->

Чавез презентираше мобилен од 10 евра


Претседателот на Венецуела Хуго Чавез во своето шоу го претстави првиот домашен мобилен телефон наречен ’El Vergatario’, кој ќе се продава за само 10 евра.

Венецуела започна со продажба на мобилниот телефон кој чини само 10 евра, што претходно го презентираше претседателот Хуго Чавез.

Венецуелскиот претседател го презентираше мобилниот телефон во своето шоу „Ало президенте“, од каде во живо го направи и првиот разговор преку телефонот.

„Ова ќе биде најпродаваниот мобилен телефон во светот“, изјави Чавез, додавајќи дека веднаш ќе му се јави на Фидел Кастро, а нивниот разговор притоа нема да може да го прислушкуваат американските власти.

Телефонот и покрај ниската цена, може да се конектира на интернет, има опции за МП3, СМС, будилник и слични опции.

Апаратот го произведоа Ветелка, компанија која е во 85% сопственост на Венецуела и кинески ЗТЕ.

 

Copyright © 2009 selotejp.com