-->

Секој 10-ти лек е фалсификат!?


Според податоците на светската здравствена организација секој десетти лек во светот е фалсификат, а во земјите во развој такви лекови на пазарот има повеќе од 50 отсто.

Фалсификуваните лекови на светскиот фармацевтски пазар вредат повеќе од 45 милијарди евра. Потрошувачите на лажни лекови најчесто ги купуваат фалсификатите бидејќи се поевтини, а до нив лесно се доаѓа. Според изјавите на светската здравствена организација лажните лекови не можат да се препознаат бидејќи имаат исти пакувања како и оригиналите, можат да содржат и смртоносни супстанции кои се непроверени од соодветните институции.

Тимовите на Европскиот директорат за квалитет на лекови и грижа за здравјето (EDQM) соопштија дека националните агенции за лекови треба веднаш да реагираат и да се справат со лажните лекови на пазарот.

- Светот е преплавен од лажни лекови и не знам како ќе успееме да се справиме со тоа. Земјите во развој имаат и до 50 проценти фалсификат лекови кои без проблем се продаваат на луѓето, изјавија фармацевтите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com