Легендарниот гитарист Сантана во рамки на својата летна турнеја на 10 јули ќе одржи концерт на Градскиот стадион во Скопје.
Два дена пред концертот во Скопје што ќе се одржи во организација на Авалон продукција, Сантана ќе настапи на стадионот Караискас во Атина и на Белградско Ушќе.
Сантана во неговата долгогодишна кариера има продадено повеќе од 90 милиони примероци од своите албуми. Досега настапувал пред повеќе од 100 милиони луѓе, има освоено десет Греми награди и три латино Греми награди. Тој се наоѓа на 15 место на вечната листа на 100 најдобри гитаристи во светот и е единствен музичар кој успеал да соработува со најголемите музичари од џез, рок, блуз, латино и поп музиката.