-->

Windows XP во Седмица

Софтверскиот гигант Microsoft планира во рамките на Windows 7 да понуди и интересен Windows XP мод, со што би се подобрила компатибилноста со старите апликации и програми.

Наведената функционалност досега не беше вметната во бета верзијата, но би требала да се појави во новиот Release Candidate. За разлика од Vista, која има одредени проблеми со компатибилноста со постарите апликации, Windows XP модот во Windows 7 се потпира на визуелизацијата во која се извршуваат постарите апликации. Според Microsoft, оваа можност се развива посебно за малите претпријатија, а целта е олеснето преминување на Windows 7.

Windows XP модот ќе се извршува внатре во Windows Virtual PC виртуелната машина, но нема да биде достапен во финалната верзија на Windows 7. Споменатиот програм ќе биде бесплатен и достапен за корисниците на Professional и Ultimate верзијата на оперативниот систем. Како што и претходно јавивме, Windows 7 RC за пошироките маси ќе биде достапен од 5-ти мај.

 

Copyright © 2009 selotejp.com