-->

Tутун кој лечи дијабетес

Научниците од Универзитетот во Верона објавија дека се првите кои успеале да одгледаат сорта на тутун со човечката белковина против запаленија interleukin-10. Нивото на оваа белковина, според наодите на стручњаците, кај оболените од дијабетес, прекумерна тежина и автоимуните болести е значително пониска отколку што е нормално.

Медицинските експерти претпоставуваат дека со нормализација на белковината interleukin-10 кај заболените од дијабетес тип 1 може да се спречи уништувањето на клетките на жлездата која произведува инсулин. Губењето на овие ќелии е главен предизвикувач на болеста, а заболените се осудени на доживотно примање на инсулински инекции.

Секако дека болните ова лековито соединение (во случај на успешни резултати после испитувањето на животни) нема да го добиваат со пушење на „лековитиот“ тутун. Од лековитите материјали од тутунот ќе се произведуваат лекови или вакцини, за спречување на развојот на болеста. Една од познатите транснационални тутунски корпорации веќе изразила интерес за новата примена на растението во медицината и ветила финансирање на научните конференции посветени на оваа тема.

Тутунот е омилено растение на научниците кои се занимаваат со генетски инженеринг, бидејќи генетски лесно се трансформира и може да порасне од само една клетка.

 

Copyright © 2009 selotejp.com