Walkman серијата на мобилни телефони од Sony Ericsson е побогата за еден нов член, моделот W205. Вљубениците во серијата S ќе можат да го набават новиот модел Ѕ312.
Моделот W205 ги содржи најосновните функции. Работните фреквенции на W205 се GSM/GPRS/900/1800, има FM радио приемник и RDS поддршка, камера од 1.3 мегапиксели, блутут и останатите карактеристики својствени за овој тип на уреди.
Димензиите на телефонот се 92х47х16.4 милиметри, тежи 96 грама, а на пазарот ќе се појави во втората половина на оваа година.
Другиот модел доаѓа под ознаката Ѕ312, има камера од два мегапискели, видео рекордер со опција за едноставно објавување на снимениот запис на онлајн сервисите како YouTube. Димензиите на Ѕ312 се 100х46х12.5 милиметри, тежината му е 80 грама, а на пазарот ќе се појави до крајот на јуни годинава.