-->

Уште еден Samsung за две сим картички

Понудата на мобилни кои се во состојба да примат и истовремено да држат активни две сим картички е побогата за уште еден апарат од работилницата на Samsung - моделот B5702.

Samsung B5702 спаѓа во категоријата quad-band уреди, така што без проблем ќе работи на мобилните мрежи низ целиот свет - причина плус за радост, бидејќи ова значи дека новиот Samsung за многу брзо би можел да се појави и на нашиот пазар.

Овој дуал сим телефон сигнализира на која сим картичка е упатен дојдовниот повик, а секој корисник може изгледот на телефонот во потполност да го прилагоди на секоја сим картичка одделно.

B5702 има 50 мегабајти интерна меморија која може да биде зголемена со соодветна мемориска картица, има екран од 2.4 инчи (320х240 пиксели), мултимедијален плеер, FM радио приемник, камера од 3 мегапиксели и останатите карактеристики својствени за овој тип на телефони.

Samsung B5702 официјално излегува во продажба во мај, по цена од околу 400 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com