-->

PSA ќе станува “најзелен” производител на автомобили

PSA во наредните неколку години планира да стане најдобар еколошки произведувач на автомобили, преку намалување на емисијата на издувни гасови, но и преку употреба на рециклирачки материјали.



Компанијата објави дека во иднина, компанијата ќе се движи според 10 главни објективи, од кои три се одделени како најинтересни за потрошувачите, а тоа се:

* Главниот план е корпорацијата да остане лидер по емисијата на издувни гасови. PSA корпорацијата веќе продаде преку милион возила низ светот кои емитираат помалку од 130 g/km CO2, додека учествуваше во 46% од возилата продадени во Европа со помалку од 110 g/km CO2
* Втората цел е вградување на повеќе еколошки материјали во дизајнот на возилата на Peugeot и Citroen. Како пример се наведува новото C3 Picasso, во кое 12% од материјалите можат да се рециклираат
* Третата цел важна за потрошувачите е зголемувањето на безбедноста. До 2011 година, планирано е во сите возила на Peugeot и Citroen да има вградено систем за итни повици, доколку се случи некоја сообраќајна несреќа. Системот веќе е вграден во 650.000 возила на PSA кои возат низ Европа

Како автомобили со кои би се постигнале овие цели се навадени Peugeot 207 кој испушта 99 g/km CO2, Citroen C-Cactus опремен со електричен мотор, како и два велосипеди произведени од Peugeot, кој треба да ги натераат луѓето да користат ваков полесен транспорт.







 

Copyright © 2009 selotejp.com